Добредојдовте

Им обезбедуваме на нашите студенти и ученици оптимални услови за здрав физички,ментален и социјален развој

Контакт

За нас

ДСД „Народен Херој Орде Чопела“ Прилеп се наоѓа позади Економскиот факултет, до Општинското средно училиште „Орде Чопела”, а исто така е во близина и на СОУ „Ристе Ристески-Ричко”, односно истиот е во подрачје на населбата Точила во Прилеп. Прилеп е град со богато историско и културно наследство, кој во моментот има околу 63 илјади жители. Домот се наоѓа под Маркови кули.

  • 2

    Вкупен број на згради

  • 4

    Број на занимални, кабинети

  • 3

    Приземје +3 ката организирани во 3 блока

  • 108

    Број на спални за студенти и ученици

  • 10

    Број на помошни простории

  • 1

    Училишна библиотека и
    ресторан

3

Број на смени во кои се работи

5945 м2

Површина на објектот

2100 м2

Дворна површина

ЦЕЛ И ЗАДАЧИ

Домовите се составен дел на воспитно-образовниот систем во нашата земја, работат и се грижат за создавање услови и можности за индивидуален и социјален развој на учениците сообразен со нивните предиспозиции и возрасни карактеристики, оспособувајќи ги за натамошно образование и живот во услови на брз развој и динамични промени во општеството. Тргнувајќи од оваа цел, нашиот дом ги има следните цели:

  • да обезбеди оптимални услови за здрав физички,ментален и социјален развој на студентите и учениците
  • да ги развива интелектуалните и работните способности и да ги оспособува студентите и учениците за доживување и развивање на естетски вредности.
  • да ги воспитува студентите и учениците во духот на основните слободи и права на човекот и за живот во демократски заедници
  • да ги воспитува студентите и учениците врз начелата на демократскиот морал и културната толеранција и разбирање.
  • да создава услови и можности за развој на индивидуалните способности на секој поединец,спортски потенцијал и други потенцијали од секаков вид
  • да го следат и стимулираат напредувањето на студентите и учениците, да ги мотивираат за што подобри резултати
  • организирање екскурзии
  • посета на културно историски места
  • учество на домијада

Државен студентски дом „Народен Херој Орде Чопела“

Нашиот студентски дом, им обезбедува на нашите студенти и ученици оптимални услови за здрав физички,ментален и социјален развој

Контакт

Галерија

Последни написи

Активности

Слободното време студентите и учениците можат да го искористат: гледање на ТВ, забавни игри (шах, пингпонг, билјард, пикадо), или со спортски активности (кошарка, фудбал) како и фитнес во сопствената теретана.

Домот е целосно покриен со WI-FI мрежа.

Нашиот студентски дом, им обезбедува на нашите студенти и ученици оптимални услови за здрав физички, ментален и социјален развој.

+389 48 414 523

Контакт

Адреса

ул. Самоилова бр. 41-Прилеп, Македонија

Телефон

+389 48 414 523

Се вчитува...
Дојде до грешка. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата порака е испратена. Благодариме!